Марк Ронсон со концерт во чест на Ејми Вајнхаус, “Таа беше гение”

28 јули, 20110
ejmi 1

Долгогодишниот соработник на Ејми Вајнхаус, Марк Ронсон направил концерт во чест на својота пријателка. На ден по погребот на трагично починатата пејачка тој се појавил на сцената во склоп на Greenwich Summer Sessions каде приредил свој перформанс во чест на Ејми. Својот настап го започнал со песната “Valerie”. “Ова за мене беше посрана недела, но добро е тоа што дојдов да свирам за вас, тоа е добрата работа во музиката”, изјавил Марк пред публиката.

Потоа ја отсвирил песната “Rehab” и на крајот додал:.. “Ако ја сакате Ејми и нејзината музика, сега е момент да заиграме заедно. Вчера бев на нејзиниот погреб и еден рабин ми кажа дека човечкиот живот се мери со неговите дела, а не со неговите години. Нејзините дела беа посебни. Нема да бидам емоционален и морбиден, но убаво е да се сподели овој момент со луѓето кои ја ценат музиката на Ејми Вајнхаус, таа за мене е гениј и има направено повеќе од брилијантна музика, изјавил пејачот. Марк на крај концертот го завршил со песната “Back to Black”.

Портпаролот на Ејми, Крис Гудман изјавил дека покојната пејачка зад себе има оставено и неколку необјавени песни, но се уште нема официјални информации дали тие песни некогаш ќе бидат објавени.

Според некои медиуми се шпекулира за бројка од 12-тина песни кои Ејми ги имала снимено а не успеала да ги објави.

Продажбата на нејзините песни драстично се зголемила во изминативе денови, негде во просек над 2000 проценти. Се поставува прашањето колку ќе се зголеми продажбата доколку бидат објавени и преостанатите 12 песни на Ејми Вајнхаус.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *