Марко Јарич: најважна ми е среќата на мојата ќерка
18 февруари, 20110
![2008 ESPY Awards - Arrivals](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/02/adriana-lima-marko-jaric-elopes-610x269.jpg)
Марко Јарич, неодамна се пресели во Сијена, каде наскоро ќе му се придружат и неговата сопруга Адријана Лима со ќеркичката. После девет години поминати на релација Лос Анџелес, Њујорк тој се пресели во Тоскана.
Во своето интервју кое тој го дали изјавил дека откако ја добил ќерката Валентина, животот драстично му се променил. Колку и да се трудиме да мудруваме, никој не е спремен за семејство. Но, кога тоа ќе се случи работите сами по себе се средуваат. Човекот учи во одење, нема време за стоење и спремање за нештата, изјавил Марко. Сега Валентина е на првото место, повеќе не размислувам за себе, сега ми е најважно таа да е среќна, додал Марко.