Масимо Савиќ е познат хрватски пејач, кој кариерата ја започнал во 1983 година со групата Доријан Греј. Најпрво го издал легендарниот хит Сјај у тами, а две години подоцна албумот За твоје очи. Групата најмногу се прославила со преработката на песната The sun ain’t gonna shine anymore, од Walker Brother, нормално со помош на прекрасниот глас на Масимо. По распадот на групата, следела неговата успешна соло кариера со многу албуми. По пет години пауза тој успешно се вратл на сцената со извонредниот албум едноставно наречен Масимо. По многу номинации, во 2004 година ја добил наградата за најдобра машка вокална изведба. Успехот го повторил и следните две години.
http://www.youtube.com/watch?v=XvpD6Kv6PoM
http://www.youtube.com/watch?v=V1yKVCb5U74
http://www.youtube.com/watch?v=quL8Kt4vCxA
http://www.youtube.com/watch?v=gTESvc1vwZ8