Маска против опаѓање на коса
18 март, 20110
![haircare](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/03/haircare-610x269.jpg)
Доколку имате проблем со опаѓањето на косата тогаш припремете ја оваа маска која навистина ќе ви помогне.
Изматете едно јајце и ставете една лажичка рум и една лажичка рициново масло. Изматената смеса убаво втријте ја на темето. Ставете кеса и замотајте ја со пешкир. Преспијте со маската на косата. Измијте ја, но во водата изматете и една жолчка од јајце. Последното миење направете го со вода во која сте исцедиле еден лимон.