“Матирана” Меркел во Белград! Одигра погрешен потег?!

popara25 август, 20111min00
85114

Српскиот претседател Борис Тадиќ и германската канцеларка Ангела Меркел не успеале да ги приближат ставовите во врска со Косово, а косовското прашање останува најголем проблем на Србија кон Европската унија (ЕУ), оценуваат грманските медиуми за посетата на Меркел на Србија.

Либералниот весник (TAZ) пишува дека имало “убави зборови но оскудни резултати”, истакнувајќи дека Меркел барала поголема флексибилност во решавањето на косовското прашање, додека Тадиќ останал цврсто на неговите ставови.

Меркел, според (TAZ), јасно ставила до знаење дека Србија мора да направи отстапки за косовското прашање, за да може да се движи напред кон ЕУ, и дека без решение за косовското прашање нема напредок.

“Ние не сакаме само разговори, ние сакаме резултати”,изјавила Меркел, пренесува TАZ.
Според TAZ, “Меркел и Тадиќ немале ништо заедничко, освен тмурни изрази на лицето, со кое по заедничкото интервју се појавиле пред јавноста”.

Помеѓу Тадиќ и Меркел не дошло до приближување на ставовите во врска со косовското прашање”, “констатирал FAZ, додека весникот “Velt” објавил дека Меркел била поразена во Србија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma