Холивудскиот актер Matt Damon кој се прослави со улогата на агентот Jason Bourne во трите продолженија на филмот, ќе биде заменет во најновото остварување “the Bourne Legacy”.
По неколку месеци претпоставување кој ќе го замени студиото, “Universal” откри дека на негово место ќе биде актерот Jeremy Renner.
Инаку Matt уште пред извесен период најави дека нема да прифати да биде дел од проектот доколку филмот не го режира неговиот пријател Paul Greengrass.