NSA го потврдува постоењето на вонземскиот живот?

26 април, 20110
nova_nsa_headquarters_450_252

Уште една американска агенција одлучи да потклекне на притисокот на јавноста и да ги објави своите документи за НЛО и вонземјаните. Овој пат се работи за NSA (National Security Agency), а според истражувањата на Kevina W. Smitha и пишувањето на сајтот ufodigest.com дека се работи за конечна потврда за вонземскиот живот.

Смит тврди дека за објавувањето на документите консултирал агент од NSA кој ги потврдил неговите сомнежи. Документите наводно требале да бидат пуштени во  јавноста на 21 октомври 2004 година, но процесот бил попречен се до 21 април 2011 година. Во документите се зборува за 29 пораки кои биле примени преку сателит, а кои не се целосно декодирани. Датумите биле цензурирани и не може да се знае кога пораките биле примени и колку долго од почетокот на декодирањето настанала оваа документација.

Деловите од пораките кои се декодирани наводно содржат периоден систем на елементи и равенки, за кои експертите незнаеле ни како да ги опишат. Исто така познато е дека на декодирањето на пораките работел и Д-р Howard H. Campaigne, кој се смета за еден од најдобрите светски криптографи. Она што највеќе го изненадило истражувачот Smith, е дека неговиот пензиониран извор од NSA му укажал на единствениот начин на изразување во овие документи. Иако документите изобилуваат со зборовите “наводно“, “можно“ или “сметаме“, овој документ е особено јасен.

Пензионираниот агент тврди дека во документите не станува збор за шпекулација или претпоставки, туку дека начинот на изразување недвосмислено укажува дека документите зборуваат за вонземска интелегенција како факт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi