Ѕвездата на познатото шоу “Пријатели“ Метју Пери, одлучи да се повлече од светот на шоу бизнисот и ќе концентрирал на својата трезвеност, пренесува Ројтерс. “Планирам да земам пауза од месец дена, така што ќе се фокусирам на мојата трезвеност и ќе продолжам да работам на опоравување на мојот приватен живот“, изјавил Пери.
Одлуката на овој актер следи по неуспехот на неговата нова комедија, Mr.Sunshine, каде тој е актер, автор и копродуцент.
Метју Пери кој има 41 години, веќе два пати беше во центри за одвикнување од дрога и алкохол, додека глумеше во хит серијата “Пријатели“.