Мажот кој роди 3 деца реши да ја отстрани матката!

31 октомври, 20110
1

Томас се родил како Трејси Лагондино во 1974 година, но вели дека од секогаш се чувствувал како маж. Тој го променил полот, но ги оставил сите репродуктивни органи.

Првиот маж кој забремени, Томас Бити од САД, открил дека повеќе нема да раѓа и затоа решил со хируршки зафат да му ја отстранат матката.

Во едно интервју тој раскажал дека во 2002 година станал маж, а е роден како жена. Сепак, тогаш не ги отстранил репродуктивните органи. Тој се прослави откако медиумите пишуваа за него дека е првиот маж кој забременил. Со својата сопруга Ненси имаат три деца, Сузан, Остин и Јенсен.

Томас раскажал дека по сите три бремености неговата сопруга ги доела децата, бидејќи тој при промена на полот си ги отстранил градите. За време на секоја бременост тој морал да престане со зимањето на машки хормони, со цел да не им наштети на децата. Заклучил дека сега со отстранување на матката, телото ќе му се „стабилизира“.

Покрај тоа, Томас раскажал и дека му се заканувале со смрт, имал проблеми на работа откако решил да стане прв транссексуалец кој како маж родил дете.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi