Мечето Вини Пу полни 90 години

14 јуни, 20110
6161201AMS

Познатото мече кое беше главна испирација на А.А. Милн за неговата серија книги за Вини Пу, овој месец полни 90 години, јавија британските медиуми. Вини Пу е “роден“ во јуни 1921 година како едено од стотици идентични мечиња што се произведени во фабрика во западен Лондон. Играчката му ја купила на својот син Кристофер, сопругата на А.А. Милне, од кого авторот бил инспириран да напише книги за деца токму со Вини Пу во главната улога.

Првата книга за Вини Пу се појави во 1926 година, а мечето стана херој меѓу децата. Во 1961 година се продадени правата на Дизни, па така мечето стана мешународна ѕвезда. Денес, мечето Вини Пу има своја ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд, живее во стаклена витрина во библиотеката во Њујорк, каде годишно го посетуваат 750.000 луѓе. Се проценува дека годишно производите со Вини Пу се продаваат со вкупна вредност од 3,7 милијарди фунти, додека кралицата на Англија “вреди“ околу 350 милиони фунти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi