Сите подготовки околу венчавката на принцот Вилијам и Кејт беа будно следени од страна на медиумите, па сега следно нешто што тие сакаат да дознаат е, каде двојката ќе го помине својот меден месец.
Така почнаа и првите шпекулации кои велат дека најверојатно брачната двојка медениот месец ќе го помине во Австралија. Принцот Вилијам е моментално во посета на Австралија, каде споменал дека би сакал да оди на нуркање на големиот корален гребен. Сакам нуркање, и отсекогаш сум сакал да нурнам во големиот корален гребен. Можеби тоа ќе биде мојот романтичен одмор, изјавил принцот Вилијам.