Актерката Мег Рајан планира венчавка во јули со рокерот Џон Меленкемп, 59, кој во јанураи покрена постапка за развод од неговата трета жена. Тој сеуште е во брак, но се надева на брзо решавање на спорот.
Децата на Џон биле во шок. Тие не очекувале нивниот татко толку брзо да се ожени. Но, тој изјавил дека Мег е жена каква што отсекогаш сакал да има. За претходниот брак тој изјавил дека тоа е искуство кое траело 18 години, но за жал немало иднина. Инаку тој ќе ја покани својата поранешна сопруга, манекенката Елејн Ирвин на свадбената церемонија.
Мег Рајан пак е среќна што ќе стапи во брак. Нејзина блиска пријателка изјавила дека таа е среќна што го пронашла човекот на својот и што повтрно е дел од насловните и најновите вести од шоу бизнисот.