Мекејлеб го продолжи договорот со Монтепаски
21 јуни, 20110

Ден по освојување на петтата титула во низа шампион на Италија, Монтепаски го продолжи договорот со македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб (26 години). Мекејлеб иамше договор со Монтепаски до летото 2013. година, а сеа се обврза на верност кон тимот од Сиена до јули 2014. година.
Бо Мекејлеб блескаше оваа сезона во Тоскана, а по финалето од плеј офот со Канту е прогласен за најкорисен (МВП) играч во италијанското доигрување. Тој во текот на сезоната имаше тешка повреда на зголобот, па отсуствуваше од паркетот два месеци, но додека беше здрав ги воодушеви навивачите и управата на Монтепаски.
Извор: Нетпрес