Мекејн: Прашањето за спорот околу името меѓу Македонија и Грција може да се реши

24 јуни, 20110
John McCain

Прашањето за спорот околу името меѓу Македонија и Грција може да се реши, смета поранешниот претседателски кандидат на САД, републиканскиот сенатор Џон Мекејн.

“Грција во моментов се справува со огромни предизвици и сметам дека во таква ситуација, добрите односи со Македонија веројатно само ќе бидат од нејзин интерес“, изјави Мекејн по добивањето на Меѓународната награда на слободата на Обединетата македонска дијаспора.

Наградата, според Мекејн, е поттик за натамошна работа на билатералните односи.

“Значи многу да се добие меѓународна награда за слобода, бидејќи доаѓа од луѓе кои иако ја напуштиле својата земја за да дојдат во САД и други земји ширум светот, и натаму се определени за независноста и слободата на Македонија, земјата која, како што знаеме, се има соочено со предизвици.  Нивната поддршка за мене е мотивација да продолжам да ја поддржувам Македонија“, рече Мекејн.

Тој ги опиша американско-македонските односи како добри, а биле одлични кога, како што кажа, поранешниот американски претседател Џорџ Буш пројавил личен интерес за земјата.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma