Мекнамара: САД може да помогнат за името

13 јули, 20110
usa-flag-photojpg

САД и Европа можат, доколку сакаат, да притиснат да се реши спорот, вели аналитичарката Сали Мекнамара од Фондацијата Херитиџ во интервјуто за Гласот на Америка.

“НАТО и ЕУ треба да останат доследни на определбата за проширување за земјите кои ги исполниле критериумите“, смета Сали Мекнамара од Фондацијата Херитиџ со седиште во Вашингтон.

Аналитичарката, чија специјалност се европски прашања, наведува дека отсекогаш постоеле билатерални прашања, дека Грција има своја поента во спорот со името, но дека е битно прашањето за името меѓу Македонија и Грција да се реши од поширок аспект.

“Веќе подолго време порачуваме дека едно билатерално прашање не треба да се наметнува на мултинационалните алијанси како овие.  Чудно е и мошне опасно за обете страни“, истакнува Мекнамара.

На барање да ја коментира неодамнешната изјава на американскиот заменик – помошник државен секретар Томас Кантримен дека времето за решавање на спорот околу името е токму сега, Мекнамара категорична дека токму сега американската влада има шанса од зборови да премине на дела.

“Владата на Обама и Европа се најдоа во мошне чудна ситуација каде Грција – која, според мене, го создава проблемот – е исправена пред меѓународната заедница, и никогаш досега немала барања за волкава помош, финансиска и политичка.  Владата на САД во случајов е во предност.  Доколку сакаат да разговараат со Грците, да извршат притисок, да употребат дипломатија, ги имаат сите средства да го сторат тоа“, вели аналитичарката од Херитиџ.

Додека грчката страна инсистира на едно име, со географска одредница, за општа употреба, а македонската на решение што нема да задира во националниот идентитет, Мекнамара подвлекува дека САД и Европа во рацете имаат дипломатски орудија и можат да притиснат – доколку сакаат – да се реши прашањето.

За најновите случувања со медиумите во Македонија, Макнамара најпрвин општо коментира дека во време на Фејсбук и Твитер, периодот кога една влада може да задуши нечие мислење е одамна минато, а конкретно вели:  „Се надевам дека во Македонија има слободен и фер печат и се надевам дека владата, доколку го попречува, ќе се повлече, бидејќи тоа нема да оди во никаква корист, особено кога се обидува да ја реши кризата со Грција“.

Во врска со подигањето на спомениците во центарот на Скопје и реакцијата што уследи од грчка страна, Мекнамара подвлекува дека потегот не помага во актуелната ситуација и дека владата треба да почне да размислува во насока на воздржаност.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi