Мерцедес ни го претставува SLS Roadster

popara30 мај, 20111min00
2012-mercedes-benz-sls-amg-roadster-convertible

Новата изведба на моделот SLS AMG најпосле ја виде светлината на денот. Мерцедес претходно веќе објави службени податоци и фотографии од овој автомобил, а премиера, ќе се одржи оваа есен. Со оглед на тоа како SLS AMG е замислен во почетокот, како купе и како кабриолет, оваа трансформација помина безболно и се чини доста успешна. Покрај платнениот покрив со механизам, има нова врата со шарки, без рамка која ја заменува т.н. gullwing врата од купето.

Дополнителните зајакнувања на шасијата се минимални, со што тежината на автомобилот не е значајно зголемена, а на врвно ниво задржана е и конструкциската цврстина. Сепак со додаток на хидрауличен мотор за спуштање, односно подигање на покривот Roadster  е 40 килограми потежок од купето, што значи вкупната маса сега изнесува 1.660 килограми.

Мерцедес тврди дека перформансите на овој автомобил управуван од 6,2 литарски V8 мотор, со снага 570КС останале непроменети, со тоа Roadster ќе забрза до 100км на час и за 3,8 секунди ќе достигне максимална брзина од 320км на час. Трослојниот покрив може да се отвори во движење со брзина од 50км на час и тоа за само 11 секунди. Конструкцијата е направена од магнезиум, челик и разни легури. Поради фактот дека покривот се склопува во багажниот простор, обемот на истиот е намален за 3 литри и сега изнесува 173 литри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag