Како што можете да видите на фотографиите Mercedes се повеќе и повеќе го открива својот нов модел од серијата SL, која ќе биде официјално претставена во Септември на авто-саемот во Франкфурт. Тоа значи дека секое ново шпиунско сликање на моделот се гледаат се повеќе и повеќе детали.
Како што може да се види, предниот дел многу наликува на новиот Mercedes SLK, и приметлив е стаклениот кров познат како Magic Sky Control кој со само едно притискање на копчето може да се направи транспарентен или затемнет.
Под хаубата на новиот SL модел е бензински 3,5 литарски V6-мотор со 305 КС, и моделот SL 500 со 435 КС со V8-мотор. И се разбира дека сигурно ќе има барем една AMG-верзијата со бескрајна моќ.