Мерил Стрип добро се подготвувала за секое доделување на Оскари кога била номинирана, што се случило дури 16 пати. Актерката добила два Оскари во 1979 година за најдобра споредна улога во “Крамер против Крамер” и во 1982 година за “Изборот на Софија”. Тогаш ги одржа однапред напишаните говори, но говори пишувала и за останатите 14 номинации. Вели дека еден ден ќе ги објави во книга.
“Секој пат имам спремен говор. Сега имам вкупно 14 кои никогаш не сум ги одржала. Навистина се добри, еден ден ќе ги објавам во книга”, изјавила актерката која во својот нов филм глуми “железната дама” Маргарет Тачер. Мерил во 2010 година беше номинирана за улогата Џулија Шилдс во филмот “Јулија и Јулија” и вели дека неможела да поверува дека тоа се случува. “Толку сум стара, а тиа тоа и понатаму го работат, неверојатно”.