Мерлинка – филмскиот најпознат секс симбол

31 мај, 20110
MM

Во среда  на 1 јуни се обележува 85 годишнината од раѓањето на неприкосневениот филмски секс симбол на 20 век, Мерлин Монро, родена под името Норма Џејн Мортенсон Бејкер во Лос Анџелес, Калифорнија. Била родена во сиропиталиште на 1 јуни 1926 година, како вонбрачно дете на Гледис Перл Монро. Растела низ семејства кои згижувале деца, бидејќи нејзината мајка имала сериозни психички проблеми.

Веќе на 16 години Норма стапува во брак со Џејмс Дорертиј и започнува да работи во фабрика за падобранци, бидејќи првиот маж и заминува во војна. По ова веднаш била забележана од воен фотограф, Дејвид Конвер кој и предложил соработка. Норма го менува својот имиџ, ја скратува косата, ја фарба во плава и почнува да работи како манекенка за костими за капење.

Набргу се разведува и потпишува договор за филмското студио “20th Century Fox” и го зема уметничкото име Мерлин Монро, во тоа време се памети нејзината изјава: “Во Холивуд ти плаќаат 1000 долари за бакнеж, а 50 центи за душа“.

Но, без оглед на новото уметничко име и новиот имиџ на секси плавуша, пробивот во светот на филмовите воопшто не и бил лесен. На почетокот таа глумела во нискобуџетни филмови од Б класа и тоа најчесто во улога  на неинтелигентна плавуша. Првата голема шанса на платното ја добиа во филмот “Џунгла на асфалтот“, од Џон Хјустон во 1950 година. Потоа следат филмовите “Се за Ева“, “Не се обидувај да тропаш“ и комедијата “Мајмунска работа“.

Популарниот безбол играч Џо Димаџио се заљубува во Мерлин и тие двајца се венчаваат, а пота следат и филмовите “Мажите сакаат русокоси“, “Како да се омажите за милионер“, “Нијагара“ и “Река без враќање“.

Со успехот и славата се појавуваат нејзини голи фотографии, кои ги направил Том Кели, додека Мерлинка била девојка. Нив ги откупува Хју Хефнер во 1953 година и ги објавува во првото издание на познатиот магазин Playboy. Коментирајќи на фотографиите, Монро на прашањето на новинарите, што таа носи во кревет, провокативно одговорила, “Шанел 5“.

Со снимањето на една сцена од култниот “Седум години верност“, со подигнат фустан, Димаџио и приредил љубоморна сцена, по која двојката се разведува, иако останале  пријатели до крајот на животот.

Мерлинка не сакала вечно да ја следи гласот на глупава русокоса, па така се запишува во школо за глумење кај познатиот Ли Стразберг, по што таа добива улога во филмот, “Автобуска станица“ снимен во 1956 година, каде била номинирана за Златен глобус. Но, оваа награда таа сепак ја добива во 1959 година за филмот “Некои тоа го сакаат жешко“.

Потоа таа се запознава со познатиот писател Артур Милер, за кого тајно се венча во 1956 година. Иако многумина ја карактеризирале како глупава русокоса, Мерлинка уживала во читањето на Достоевски, Бернард Шо, Френк Синатра, Моцарт и Бетовен. Мерлинка очајнички се обидува да забремени од Милер, но без успех, па паѓа во голема депресија и се оддава на алкохолот и харкотиците, со што довело до крај на нејзиниот трет брак.

Неколку години подоцна, таа почнува да го снима филмот “Нешто мора да се даде“, но снимањето постојано се прекинувало поради нејзините доцнења, разните болести и заборавање на текстот од сценариото. Во тоа време, Монро, која била во се поголема криза, има кратка афера со францускиот пејач, Ив Монтана, а се шпекулирало и дека е во врска со американскиот претседател Џон Ф. Кенеди на чија прослава за роденден во мај 1962 година, видно пијана во раскошен фустан Мерлинка му ја отпеала познатата “Среќен роденден претседателе“. Кенеди по ова коментирал; “По ваква слатка изведба на песната, можам слободно да ја напуштам политиката“.

Мерлин Монро е пронајдена мртва во својот дом во Лос Анџелес на 5 август 1962 година. Официјално било соопштено дека причината за смртта била прекумерната доза на апчиња за спиење, но тоа засекогаш ќе остане мистерија бидејќи потоа многумина веруваа дека ЦИА е замешана во нејзината смрт, поради врската со Кенеди.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi