Трети пат по ред Лионел Меси е избран за најдобар играч на сезоната во Шпанија, во изборот на “Марка”, кој веќе традиционално ја доделува наградата “Алфредо ди Стефано”.
Аргентинецот триумфираше пред фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо и својот соиграч Чави Ернандез, а за најдобриот покрај претседателот на жирито, Ди Стефано, гласале уште Андони Зубизарета, Емилио Бутрагењо, Хозе Еулогио Гарате, Мануел Дијаз Вега, Фернандо Јеро, Фабио Капело, Луис Суарез и Енрике Кастро.
Жирито имаше задача да избере фудбалер кој оставил најдлабок траг во сезоната која заврши, и тоа од списокот кој го направија читателите на “Марка” гласајќи во секое коло за најдобар играч на неделата.