Најдобриот светски фудбалер Лео Меси од првиот ден на јули ќе започне нова мисија. Тој ден, имено, за неговата Аргентина стартува натпреварувањето на Копа Америка, јужно-американското првенство, на кое токму Аргентина е домаќин.
Како предводник на Барселона, Меси во кариерата освои апсолутно се, неколку пати, но со репрезентацијата има само еден единствен успех. Пред три години Меси ја предводеше Аргентина до златниот медал на Олимписките игри во Пекинг, но на светските првенства или Копа Америка, Меси сеуште, како Аргентинец, чека некој успех.
“Сонувам освојување на Копа Америка. Го посакувам тоа и поради себе, но подеднакво, можеби и повеќе, поради соиграчите, како и нашите навивачи. Време е Аргентина да освои еден голем пехар. Предолго чекаме на тоа.” – рекол Меси.
Меси во Аргентина не чувствува таква поддршка од навивачите како во Каталонија. Имено, еден дел од Аргентинците му забележуваат и мислат дека во дресот на Барселона игра далеку подобро отколку во репрезентацијата.
“Секако дека секогаш го давам својот максимум, како во клубот. така и во националниот тим. Сега е време за нешто големо, бидејќи Аргентина има одлични фудбалери на сите позиции. Ќе го дадеме нашиот максимум за да бидеме шампиони на Јужна Америка. Мораме таква радост да им подариме на нашите навивачи” – завршил Меси.
Извор: Спортнет