Металик шминка за свечени пригоди

popara28 декември, 20111min00
metalik

За новогодишната ноќ ви советуваме да изберете металик шминка, која освен што ќе ги привлече погледите на сите, на вашиот целокупен свечен изглед ќе му даде доза на гламур и елеганција.

Празнична атмосфера секогаш не  мотивира да промениме нешто во стилот на облекување и шминкање. Make-up уметниците за празничната сезона препорачуваат металик бои за вашата шминка и вашиот лак за нокти, кои ќе ви дадат свечен и гламурозен изглед.

Изберете пудра за нијанса потемна од тонот на вашата кожа која ќе одговара на силна сенка за очи. Одозгора нанесете малку светкава пудра во прав, а на јаболчниците ставете руменило во розева нијанса, која најмногу одговара на металик сенка на оли.

Очите можете да ги нашминкате на различни начини, во зависност од стилот кој го сакате и кој најдобро ви одговара. Оваа сезона најдобар избор е smokey eyes начинот на шминкање, бидејќи на овој начин дозволува да си поиграте со повеќе нијанси и бои. Најважно е темните металик нијанси да ги нанесете во близина на трепките, а посветлите над нив, па да ги исенчате со чиста четкичка или па со прст. Од металик сенките за очи оваа сезона најактуелни се златната, сребрената, сината, виолетовата, зелената.

Лакови за нокти во металик нијанси се совршен избор за дами кои сакаат да остават впечаток и привлечат внимание кон своите негувани раце   нокти. За да се постигнете саканиот ефект најважно е пред нанесување на лакот да направите маникир и да изберете форма на нокти која вам најмногу ви одговара.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag