Многу родители од шоу бизнисот зборуваат за своите деца и за убавините на родителството. Еден од нив е и актерот Метју МекКонај кој во едно свое интервју изјави дека сега има причина зашто да живее и да се бори. Неговите деца ја дале смислата на неговиот живот.
Снимам филмови, го работам она што го сакам, но сепак смислата за живот ми ја даваат тие, изјавил Метју. Многумина велат дека кога ќе имаш семејство авантурите завршуваат, но тоа не е така во мојот случај, додал Метју.