Microsoft го купи Skype за 8,5 милијарди долари

popara11 мај, 20111min00
007800742

Microsoft го склопи договорот за купување на најголемата интернет телефонска компанија, Skype Technologies, за вкупно 8,5 милијарди долари, што претставува и најголема аквизиција во која Microsoft има влезено.

По шпекулациите дека Skype, кој бил во тешки долгови, ќе го превземе Facebook или Google, угледниот Wall Street Jorunal, вчера објави дека договорот сепак е склопен со трета компанија, а тоа е Microsoft.

Skype преку VoIP, интернет телефонија, поврзува милиони корисници насекаде во светот. Всушност, постојат 663 милиони корисници, но компанијата западнала во долгови, и скоро и никогаш не направила профит, така што некои аналитичари изјавиле дека неговата цена била и пренапумпана.

Компанијата Skype е основана во 2003 година, а 2005 беше продадена на eBay за 2,6 милијарди долари. eBay незнаеше што точно да направи со оваа компанија, па затоа во 2009 го продаде на други инвеститори, а заинтересирани за купување беа и Google и Facebook.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag