Милан и Интер сакаат да го ангажираат Дидие Дрогба

13 јуни, 20110
drogba.blog.gi

Се до минатата сезона речиси и не можеше да се замисли напаѓачкиот ред на Челзи без денеска 33 годишниот Дидие Дрогба, фудбалерот на Брегот од Слоновата Коска.

Но, минатата сезона Дрогба почна се почесто да минува време на клупата, поточно да влегува во игра од клупата за резервни играчи. И покрај тоа што немаше вообичаено голема минутажа во 36 премиерлигашки мечеви, на кои постигна 11 погодоци, а забележа и 15 асистенции.

Трансферот на Фернандо Торес од Ливерпул во Челзи, како и вложувањето во некои млади играчи, го тераат Дрогба да размислува дали ќе ја одработи и последната сезона која му преостанува од договорот со Челзи. Имено, многу клуба пројавија желба да го доведат во своите редови овој одличен напаѓач, иако пред неколку дена англиските медиуми од доверливи извори, открија дека се подготвува продолжување на договорот меѓу Челзи и Дрогба.

Но, исто така, некои англиски медиуми во денешните изданија пишуваат дека претставници на Милан и Интер се посериозно бараат преговори со Челзи и сакаат да разговараат на тема – Дрогба.

Моментално Дрогба заработува околу 130.000 фунти неделно во лондонскиот клуб, а адекватно исплаќање од Интер за напаѓачот не би требало да биде проблем. Милан, пак, таа работа сака да ја оствари и низ призмата на одредени ‘играчки замени’ плус уплата на одредена сума пари.

Потсетуваме, Дрогба е дел од Челзи од 2004. година.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *