Силни земјотреси во Крајстчрч

13 јуни, 20110
Earthquake
Серија силни земјотреси повторно го погодија новозеландскиот град Крајстчрч.
Најсилниот земјотрес бил со магнитуда од 6 степени по Рихтер, со епицентар на околу шест километри југоисточно од градот, на длабочина од девет километри. Забележани биле уште четири потреси со магнитуда од 4,3 степени.
Една зграда во ценатарот на градот се срушила, но никој не бил повреден. Помала штета настанала на зградите оштетени во минатиот земјотрес, а шест лица се здобиле со полесни повреди од падот на градежниот материјал.
Локалните медиуми известуваат  дека околу десет илјади домови останале без електрична енергија.
Крајстчрч пред четири месеци го погоди земјотрес со магнитуда од 6,1  по Рихтер во кој загина 181 лице и предизвика голема штета.
Најсилниот земјотрес со јачина од 7,1 степен градот го погодил на четврти септември минатата година. Делови од центарот на градот се затворени за јавност од 22 февруари, а една од најголемите градски градби, Гранд Чанселор Хотел е прогласен за нестабилен и се подготвува за рушење. Трошоците за обнова на Крајстчрч се проценети на околу 12,2 милијарди американски долари.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi