Милан во Рим ја заверува титулата

popara6 мај, 20111min00
serie_a_6001

До својата 18. титула првак на Италија, Милан би можел да дојде веќе после ова, 36. коло во Серија А, во кое ќе гостува кај Рома. На “росоњерите”, три кола пред крај на првенството, ќе им биде доволно да не загубат од “волчицата”, бидејќи моментално имаат осум бода предност во однос на Интер, а со оглед на подобриот меѓусебен скор од градскиот ривал шампионската трка би била решена. И прашањето на преостанатите два директни патници во Лигаѕа на Шампионите е е речиси одлучено, односно во европското елитнот натпреварувањ еќе играат Интер, кој во ова кола ја пречекува Фиорентина, и Наполи кој ќе игра против Лече на кого му се неопходни бодови за да остане во лигата.

Меѓутоа, голема борба за води за позицијата која води во квалификациите од Лигата на Шампионите, а постојат три кандидати за тоа едно место. Моментално во најдобра ситуација е Лацио, но проблемот за Римјаните е што во недела одат на гости кај Удинезе, еден од директните ривал иво таа борба. Трет кандидат е Рома, за која веќе рековме дека ќе го пречека Милан. Јувентус од сенка чека киксови на овие екипи за да се избори макар за пласман во Лигата на Европа, а во ова коло не би требало да има тешка задача да дојде до три бода бидејќи го пречекува безгрижниот Киево.

Во борбата за опстанок средства не се бираат, па така веќе сега речиси е извесно дека мечот меѓу Болоња и Парма ќе заврши нерешено, иако така само предвидуваат светските обложувалници. Чезена по несреќно загубените бодови со Интер патува на Сардинија, Сампдорија ќе има особено тешка задача бидејќи за противник ќе го има градскиот ривал од Џенова, додека Бреша единствено со победа против Катанија може да ги задржи надежите и следната сезона да игра во Серија А. Бари веќе одамна е отпишан, па мечот со Палермо практично нема никакво резултатско значење.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag