Милионите веќе не му се важни, сака да си го врати животот назад

11 мај, 20110
drhaus

Hugh Laurie или познатиот Д-р Хаус, некако најави дека осмата сезона на мега популарната серија во кој тој го игра главниот лик, можеби ќе му е последна.

Иако, наводно заработува по 392 илјади долари по епизода, актерот веќе почнал да се чуствува дека надвор од снимањата, тој повеќе “нема живот“.

Hugh Laurie, во интервју за  Radio Times, изјавил дека 10 месеци ги поминува во Лос Анџелес на снимање на серијата, поради што скоро и да не гледа со својата сопруга и нивните три деца, кои живеат во Велика Британија.

Актер и музичар, кој минатата недела го објави својот деби блуз албум Let Them Talk, индиректно најви дека по осмата сезона тој ќе го напушти шоуто.

“Крајот на оваа сезона се чини дека на крајот на серијата. Барем мене на толку ме ангажираа”, вели Лори, кој со својата улога на циничен и генијален лекар, освои два Златни Глобуси и многу брзо стана најуспешен актер на американска телевизија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *