Министрите на ЕУ за визната либерализација и заштитните мерки

9 јуни, 20110
4978EUflag
Министрите за внатрешни работи на ЕУ и нивните колеги од Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија, денес на маргините на состанокот на Советот за внатрешни работи и правда, ќе го разгледуваат извештајот на Европската комисија околу контролните механизми за визната либерализација на Западен Балкан и новиот предлог за измена на правилата околу слободниот режим кој предвидува забрзана процедура за суспензија на визната либерализација, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
На состанокот на Мешовитиот комитет, европската комесарка за правосудство Сесилија Малмстром ќе го претстави извештајот на Комисијата за контролните механизми за визната либерализација за земјите од Западен Балкан чие воведување беше договорено во ноември минатата година.
Во првиот полугодишен извештај се наведува дека, иако постојат бројни злоупотреби на визната либерализација, “поголемиот број патници доаѓаат со добра намера“, а околу 80 отсто од случаите се Роми и Албанци кои ја злоупотребуваат либерализацијата  и неосновано бараат азил.
Како што се наведува во извештајот, остварена е главната цел на визната либерализација на земјите од Западен Балкан, да се олеснат меѓусебните врски, да се подобрат можностите за работа и културна размена како и можност за полесно и подобро запознавање на Европската Унија.
Државите од регионот ќе мора да ги зајакнат реформите за да се зацврсти и зачува слободниот режим, се додава во извештајот.
Според извештајот, досегашните искуства во промена на договорот за реадмисија се “сосема позитивни“, а државите од регионот “направиле значајни напори“ во борбата против злоупотреба на слободниот визен режим и посветеност во решавање на сегашните проблеми.
Воведување на контролните механизми е резултат на компромисот на Европската комисија и неколку земји членки на ЕУ кои се противеле на безусловната визна либерализација за Босна и Херцеговина од страв дека може да дојде до злоупотреби како што се појавиле по укинување на визите за Србија и Македонија.
Малмстром на министрите ќе го претстави и предлогот на Комисија за измена на правилата за слободен визен режим со трети земји на кои се воведува “заштитна клаузула“ која би овозможила во вонредни ситуации привремено да го суспендираат слободниот визен режим.
Комисијата во својот предлог истакнала дека се работа за “општи клаузули кои не се насочени ниту на една земја или регион“.
По претставување на предлогот пред министрите, истиот треба да биде разгледан во Советот на ЕУ и Европскиот парламент.
Во рамки на седницата на Советот за внатрешни работи и правосудство, министрите ќе ги анализираат измените на правилата околу работата на европската погранична агенција Фронтекс, како и прашања околу имиграцијата, азилот и безбедноста на јужниот Медитеран.

Министрите би требало да го усвојат и заклучокот за проценка на проширување на шенгенскиот договор на Бугарија и Романија.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi