Седумдесеттиот роденден на покојниот некогашен претседател на Југославија Слободан Милошевиќ ќе биде прославен со поставување на камен биста на неговиот гроб во семејната куќа во Пожаревац.
Да беше жив Слобо денес би наполнил 70 години
На 20 август е роденденот на Слободан Милошевиќ поранешниот претседател на Југославија, Србија и СПС. Здружението на граѓани „Слобода“ традиционално поставува свежо цвеќе и венци на гробот на Слободан во семејната куќа во Пожаревац. Оваа година тие одбележувањето ќе го извршат и пред неодамна поставената биста на гробот на Слобода.
Мира, Марко и Марија дозволија да се изгради биста на Слободан Милошевиќ, која денес свечено ќе биде откриена – Урош Шувакович претседател на здружението „ Слобода “. Агенцијата Курир проба да открие дали во СПС знаат дека на нивниот некогашен претседател денес му е роденден, но од таму нема одговор.