Миси Елиот има здравствени проблеми
Рап звездата Миси Елиот соопштила дека има проблеми со тироидната железда поради што и паѓа косата, а здравјето серизно и се влошува.
“Мојата кожа е сува, косата ми паѓа, во очите чуствувам дека имам камења“, изјавила пејачката за една американска телевизија.
Миси Елиот која е позната по песните ”Get Ur Freak On” и ”Work It”, кажала дека оваа болест и е откриена во 2008-ма година, но таа не сакала тогаш да го изнесе тоа во јавност, додал нејзиниот публицист.
Миси вежба секој ден, многу е посветена на своето здравје, кажал публицистот.
Болеста на тироидната жлезда влијае на претерано лачење хормони, со што се зголемуваат проблемите во метаболизмот.
Миси Елиот голема слава стекна во деведесетите години кога освои четри Греми награди, но од 2005 година нема снимено ниту еден албум.
Моментално работи на албумот кој има привремено име ”Black Party” со познатиот рапер и продуцент Тимберленд.