Мислите дека фудбалот е лесен??? Пробајте фуд-дабл-бол!!! :)))

22 декември, 20110
ukrainci

Фуддаблбол  е игра многу слична на фудбалот, со таа разлика што наместо една, за игра се потребни две топки со различна боја.

Фуддаблбол е измислен од страна на украински студенти за кои обичниот фудбал не бил доволно интересен. Повеќето правила кои важат за обичниот фудбал важат и за вуддаблбол, иако има некои промени наменети да ја направат самата игра подинамична и подраматична.

Најголемата разлика помеѓу фудбалот и фуддаблболот лежи во фактот дека фуддаблбол се игра со две топки во различчна боја. На почетокот на натпреварот секој тип има посед на една топка, а голманите ги истовремено ги подаваат топките на своите соиграчи на почетокот на натпреварот. Е тогаш работите стануваат комплицирани. Секој тим мора да се обиде да даде гол со својата топка, а истовремено да се брани од напаѓачите на спротивниот тим. Доколку успеат да ја украдат топката од спротивниот тим, тогаш играчите имаат право да напаѓаат со двете топки, што значи дека голманите имаат двојно потешка задача.

Во овој луд спорт не постои офсајд, а судиите мора да користат знаменца во повеќе бои и различни звучни сигнали за да не ги збунат играчите. Доколку тимот постигне гол со едната топка, играта продолжува со другата топка се додека и со нејзе не биде постигнат гол или пак доколку не излезе во аут.

Иако звучи многу комплицирано и збунувачки, украинските студенти велат дека фуддаблболот е многу поинтересен од обичниот фудбал, бидејќи е потребна поголема координација, има многу повеќе шанси и се игра многу побрзо. Па, ако сте спремни за предизвик, следниот пат земете две фудбалски топки наместо една и пробајте ја вашата среќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma