Според експертите новогодишниот огномет бил причина за поморот на птици за време на новогодишната ноќ во Арканзас. Граѓаните од местото Беебе наместо уживање во огнометот одеднаш биле сведоци на “дожд“ од 5.000 мртви птици. “Црните птици летале на висина на покривите од куќите за да го избегнат огнометот од кој се исплашиле“, изјавила Карен Рове од институтот во Арканзас каде се вршеле испитувањата. Сепак, откако била изјавена причината за смртта на птиците, таа додала дека сеуште ќе се прават тестови и истражувања за токсини и болести на птиците.
Извор: Нетпрес