Архитекти од Мeксико дизајнирале необична зграда која нема да оди во висина, туку во земја! Оваа зграда ќе има облик на обратно свртена пирамида и ќе биде сместена на главниот плоштад на Мексико Сити.
Мексико Сити накоро ќе ја добие зградата од 65 спрата. Во пирамидата под земја 10 спрата ќе бидат наменети за станови, 35 спрата за канцеларии, додека остатокот ќе го сочинуваат продавници и голем музеј. И секако ќе се издолжува 300 метра под земја. Зградата во потполност ќе биде изградена од стакло и модерни градежнички материјали.