Лучано Моџи, некогашниот генерален менаџер на Јувентус, ја заврши “фудбалската” кариера. Дисциплинската комисија при фудбалскиот сојуз на Италија му изрекла на Моџи доживотна забрана за вршење било каква функција во фудбалот, поради учество во наместените резултати кои стигнаа до јавноста 2006. година.
Со доживотна суспнзија казнети се уште двајца поранешни функционери на “старата дама”, Иноченцо Мацини и Антонио Џираудо. Тие тројца претходно беа казнети со петгодишна забрана за вршење функција во фудбалот, но денес таа казна е преиначена.