Главниот осомничен за крвавите напади во Осло и на островот Утоја, Андрес Беринг Бреивик, во својот антимуслимански манифест, објавен по колежот во петокот, ја спомнал неколку пати Словенија.
Словенија ја навел како држава во која “мултикултуристичаката пропаганда на перење на мозок“ била најмалку успешна, а ја спомнал и Словенечката национална партија за која навел дека на минатите избори добила 5,8 од гласовите. Во својот манифест, тој навел дека десничарските партии од источна Европа од објективни причини не промовираат толку спротиставување на исламизацијата туку на национализмот, спротиставување на ЕУ, други етнички групи.
Поради тоа што монструмот во својот манифест ја спомнал Словенија, се огласил еден член на партијата Богдан Баровиќ, а тој истакнал дека манифестот на Бреивик немал никаква врска со работата на СНС. Тој истакнал дека неговата партија се бори за Словенците кои мораат да имаат исти права како и другите, што со норвежанецот тоа нема никаква врска.