Може ли здравјето на Младиќ да го издржи хашкиот процес ?

27 мај, 20110
0204
Според најновите фотографии што беа објавени во медиумите, Младиќ не личи на оној крупен и силен генерал со строг поглед од претходните фотографии и снимки. Сега “генералот“ покажувал знаци на деменција (болест на мозокот која предизвикува промени во памтењето и размислување, како последица на изумирање на мозочните клетки и престанок на функционирање на мозокот), а се вели дека имал и проблеми со бубрезите.
“Косата му опаднала од болести, бил изнемоштен и подгрбавен, а и видно  ослабен. Десната рака тешко ја движел и на тоа им укажал на оперативците во моментот кога го уапсиле. Имал дамки по кожата. Молчел додека го изнесувале од куќата.
Устата му била малку искривена, очигледно како последица на мозочен удар, брадата му се тресела. Бил облечен во некоја стара облека во која очигледно спиел“, рекол извор за српски “Прес“, додавајќи дека куќата во која престојувал  била типично селска со малку храна и лекови, но без модерни средства за комуникација. Полицајците додека го апселе му се обраќале со “генерале“, забележувајќи дека се држел мирно и војнички, но тешко се движел. Иако носел оружје во моментот на апсење не сакал да го искористи, туку само прашал како е неговото семејство.
Сведокот кој присуствувал на апсењето рекол дека Младиќ при апсењето од раката извадил прстен кој му го подарил на својот син и часовникот кој го посветил на својата сопруга. Семејниот адвокат на Младиќ, рекол дека неговата сопруга и син веста за апсење на нивниот близок ја прифатиле како добра вест, бидејќи конечно дознале дека Младиќ е жив.
Според неофицијални информации Младиќ бил во Лазарево во изминатите две недели, а претходно постојано менувал локации, па затоа наводно не можеле да го пронајдат порано и да му влезат во трагата. Куќите во кои живее роднината на Младиќ и неговите синови и претходно биле претресувани, но тогаш не бил пронајден.
“Младиќ останал без поддршка и пари. Сите канали за помош му се пресечени, како и сите луѓе кои би можеле да му пружат помош. Останале многу малку локации на кои можел да се крие, а уапсен е во едно такво мирно место, без изразени и големи ризици“, рекол соговорникот на “Прес“.
Младиќ живеел во куќа на својата тетка која била напуштена, во која мештаните од селото верувале дека не живеел никој. Според еден од селаните на Лазарево кој бил повикан како сведок при апсењето рекол дека собата во која живеел Младиќ била влажна и темна. На масата имало многу храна па и една пица. Работите биле расфрлани насекаде низ собата. Според зборовите на сведокот, во таа куќа не се палело светло со години, ролетните биле постојано спуштени, а никој не забележал некој да излегува или да влегува. Капијата на куќата била заклучена.
Некогашниот полковник, а подоцна и генерал Здравко Толимир, инаку еден од најблиските соработници на генералот Младиќ, подоцна веќе и главен командант на војската на Република Српска во Босна и Херцеговина, му се доверил на Томислав Видошевиќ, актуелен хрватски амбасадор во Рим, кој во деведесеттите години преговарал со Младиќ, при што му рекол “нашиот генерал е болен од шест болести, од кои пет му се на психичка база“.
По апсењето, Младиќ бил пренесен во Специјалниот суд во Белград на сослушување, но тој не можел да зборува, а она што ќе успеел да го каже било нејасно и неповрзано, но сепак знаел каде се наоѓа и што му се случило, не заборавајќи да истакне дека не го признава Хашкиот трибунал.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi