Му стигнало писмото од “девојка му“ после 53 години! Таман на време – нели? :)

31 јули, 20110
pismo

Писмото потпишано со “ Те сакам засекогаш, Вони“, се покажало дека Вони лажела, бидејќи парот по факултето се венчале, имале деца, а потоа се развеле.

Минатата недела на Универзитетот во Пенсилванија стигнало писмо адресирано до судентот Кларк Мур, 74, кој веќе со децении не студира таму. Писмото е испратено во 1958 година, но уште долго не би дошло до рацете на вистинскиот човек, да не го видел ова еден пријател на Кларк. Поточно, Кларк го променил името во Мухамед Сидек, а се преселил во Индијанаполис, па така на претставниците од Универзитетот им било малку комплицирано да го пронајдат.

“Му рековме дека ќе му го испратиме писмото, а тој се пошегувал и рекол дека ако не дојде во наредните 53 години, ќе мора да поднесе тужба“, изјавила портпаролката на Универзитетот, Кристин Киндл.

Залутаното писмо е љубовно, а му го имала испратено девојата додека тој бил далеку од дома. Било потпишано со “те сакам засекогаш, Вони“.

Пензионираниот учител Кларк раскажал како се венчал со Вони, добиле четри деца, а потоа се развеле. Долго време се немале слушнато, па Вони се вознемирила кога дознала дека Кларк го добил писмото. Кларк сепак, сакал да го прочита писмото бидејќи тоа за него било “доказ за искреност, интерес и невиност на тоа време“, јавува BBC.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit