Мурињо го цитира Ајнштајн за да ги мотивира играчите

27 април, 20110
sp-murinjo

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, не престанува да ги полни весниците поради својот метод кој го користи пред важните дуели. “Посебниот” го откри резептот.

“Јас не правам ништо специјално пред подготовките за мечот. Пред играчите морам да се мотивирам себеси. Кога и самиот сум мотивиран лесно ми е да ги мотивирам и мојте луѓе. Ништо не се промени во односот и пристапот кога од Барселона загубивме со 5:0” изјави Мурињо.

Како ги подготвува играчите за ‘Ел Класико’ во Лигата на Шампионите?

“Позајмив една мисла од Ајнштајн, дека единствената сила е посилна од парите, елекричната или атомската енергија – човечкото суштество. Со голема верба би можеле да завршите поголем дел од работата. А тоа го рекол човек кој никако не бил глуп” изјави Мурињо пред вечерашното Европско “Ел Класико”.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi