Мурињо: Јас одлучувам како ќе играме, не Ди Стафанo!

20 април, 20110
mm

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо верува дека Реал и Барселона имаат подеднакви шанси за освојување на првиот трофеј оваа сезона и тоа во Кралскиот шпански куп. Тој ја критикуваше и клупската легенда, Алфредо Ди Стефано, поради неговите коментари за тактиката на екипата на Мурињо. Двата шпански гиганти вечерва се среќаваат на ‘Местаља’, ќе ги одмерат силите, а една од екипите ќе го подигне првиот трофеј од можните три во сезоната. “Не сакам да кажам ништо необично, бидејќи никогаш нема фаворити во финалето. И двата тима имаат подеднакви шанси за победа. Се надевам дека ќе видиме уште еден убав натпревар и дека се ќе помине без инциденти на трибините и по улиците. Ова се типични зборови пред финале, но искрено верувам во нив. Имам играно во многу финалиња во кој противникот бил посилен од мојот тим, но секогаш сме биле израмнети. Тоа е природна појава во финалето” истакна Мурињо и додаде. “Ова е мое прво финале со Реал, но сум опуштен. Поминав низ многу натпревари како што е овој, па затоа сум посмирен од тренери кој никогаш не биле во оваа ситуација. Нашата самодоверба лежи во напорната работа, за да дојдеме до успех. Ако победиме тоа е добро, ако не ќе продолжиме да работиме” додаде Жозе. Легендата на Реал Мадрид, Алфредо Ди Стефано, не е импресиониран од тактичката поставеност на тимот, што не го загрижува Мурињо. Ди Стефано, Барселона ја нарече ‘лав’, а Реал ‘глушец’. “Тој е еден од најважните луѓе во историјата на Реал, за разлика од мене кој сум никој и ништо во тој клуб. Но јас сум тренерот и тој кој одлучувам. Што сакате? Одлуките се мој. 100% сум посветен на работата, па и затоа претседателот ме избра мене, а ако тој ен се сложува со мене јас тука не можам да направам ништо” додаде Мурињо.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi