Мурињо: Ова не е само мој трофеј

21 април, 20110
murinjo508

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, синоќа освоениот пехар во кралскиот Куп им го посвети на сите на ”Сантјаго Бернабеу”.

Роналдо по убавата акција на Ди Марија со глава го совлада голманот на Барса и му го донесе привот пехар на Реал сеознава, но и на Мурињо на клупата на “кралевите”.

Тоа воедно беше и прва победа на “Специјалниот” над Барселона од кога е тренер на тимот од Мадрид.

”Трофејот не е мој, тој им припаѓа на сите во клубот. Победувањето со Реал е убаво, но мојата задача овде не е само освојување на трофеи. Се е во промена на структурите во клубот и менталитетот на луѓето. Да не го освоевме Купот, единствената разлика ќе беше во тоа што ќе бевме тажни.” – рекол Мурињо.

Изразил пофални зборови за својата тактика.

”Направивме неколку грешки, но тактичќки бевме многу добри. Во продолженијата Барса беше уморна и фрустрирана што веќе не стигнаа до успехот на кој се навикнаа. Беше израмнет меч. Бевме подобри во првиот дел, Икер и Пепе беа сјајни.” – изјавил португалскиот тренер и додава:

”Не можам да кажам дека му го вративме успехот на клубот. Освојување титули е секогаш добро, но особени пофалби одат на адреса на луѓето со кои работев, бидејќи тие ми овозможија освојување на трофеи во четирите најсилни лиги. Луѓето можат да ме критикуваат, но се трудам да создадам најдобри ситуации за моите играчи. Важно е да останеме колективно силни, бидејќи се работи за фудбал”.

Извор: Спортнет

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi