Скот Вилсон дошол до идеа да направи Музеј на лоша уметност. Во 1993 случајно во отпадот кај комшиите забележал слика во рамка. Ја земал сликата со цел да ја искористи рамката, меѓутоа во следниот момент проценил дека сликата е генијално лоша.
Неколку години подоцна, колекцијата во Музејот на лоша уметност добива на актуелност. Сликите се купуваат и собираат од секаде начести места се : пазари, градинки, распродажби како и од донации.
Оваа „авантура“ не се препорачува за љубетилете на уметноста, но ако мислите дека не постојат критериуми при избор на сликите грешите.
“Имаме строги правила за селекција, тие се истите оние како и кај традиционалните музеи. Сликите мора да бидат оригинални, автентични и интересни. Мораат да комуницираат или бар да пробаат да комуницираат со посетителите. Меѓутоа на истите мора да има и нешто спектакуларно погрешно“ изјавува Луис Рајл Сако , директор на овој необичен музеј.