Младите луѓе кои поминуваат долго време слушајќи музика на своите МР3 плеери го зголемуваат ризикот од развој на депресија, пренесува Тајмсмагазинот. Неодамна објавена студија од страна на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Питсбург, покажала дека младите кои многу време поминуваат слушајќи музика, го зоглемуваат ризикот да станат депресивни. “Со овие показатели неможеме да дојдеме до прав заклучок. Дали тие слушаат премногу музика затоа што се депресивни или само бараат некој изговор? Дали се депресивни, бидејќи слушаат гласно музика? А можеби и двете причини се во прашање“, изјавил експертот Брајан Примак. Наместо да земаат преголема доза на музика, студијата покажала дека младите кои повеќе читаат имаат 50% помал ризик да западнат во депресија. Ова истражување било спороведено на 126 млади лица, на старосна граница од 7 до 17 години и траело 2 месеци. Кај 46 од младите биле дијагностицирани симптоми на депресија.