Шекеринска е изборот на СДСМ за иден премиер

21 април, 20110
r
Поранешната претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска од вчера е официјален кандидат за премиер.
“Во името на Социјалдемократскиот сојуз соопштувам дека наш кандидат за премиер е Радмила Шекеринска. Личност која е синоним за успешни евроинтеграции на нашата земја, со углед и авторитет и во Македонија но, и во Брисел и во
Вашингтон.“, рече претседателот на партијата Бранко Црвенковски на вчерашната прослава на 20-годишниот јубилеј од основањето на СДСМ.
Во тимот на Шекеринска на изборите ќе бидат двајцата потпретседатели на СДСМ, Зоран Јовановски и Зоран Заев, како и поранешниот советник во претседателскиот кабинет на Црвенковски, Стево Пендаровски.
Конечниот распоред на кандидатските листи ќе го утврди конгресот, што ќе се одржи најдоцна до 5. мај, кога е и последниот рок за доставување на кандидатурите до изборните комисии.
Актуелниот премиер Никола Груевски и Шекеринска веќе се соочија на изборите во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ однесе  победа.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *