МЗТ се избори за продолжување на полуфиналната серија против Работнички

6 мај, 20110
5xq5x1

Во кошаркарскиот Плеј оф, вечерва се одигра третиот натпревар помеѓу лутите градски ривали. Во салата “Јане Сандански“ тимот на МЗТ Скопје славеше со 79:72 против Работнички и ја намалија предноста на противникот во победи на 2-1, во полуфиналната серија во плеј-офот.

Кошаркарите на Работнички не ја искористија првата меч топка и со триумф во “Јане Сандански” да стигнат до пласман во големото финале. Од друга страна, со вечерашниот триумф, “Металците“ се изборија за продолжување на полуфиналната серија, во која четвртиот меч ќе се одигра најверојатно в недела во салата во Градски Парк.

Во преполната сала “Јане Сандански” неизвесно и изедначено првото полувреме им припадна на гостите кои на одмор заминаа со минимална предност од 45:44. Во вториот дел, кошаркарите на МЗТ Скопје, со поддршката од своите фанови, а благодарение и на брза игра во одбрана и прецизните акции под обрачите, успеаа во своја полза да го свртат резултатот и да се израдуваат на победата со 79:72.

Во победничкиот тим на МЗТ најпрезиен со 20 поени беше Пуповиќ, Линдсеј мечот го заврши со 14 постигнати поени. Перо Блажевски беше најпрецизен во тимот на Работнички, а воедно и на натпреварот со 21 постигнат поен. Мираковски беше стрелец на 17 поени, Филиповиќ на 9.

Пласман во финалето веќе има обезбедено актуелниот шампион Фени Индустри. Кавадарчани со 3-0 во победи во полуфиналето го елиминираа тимот на Торус.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *