На “Егзит“ се очекуваат околу два милиони посетители

11 јуни, 20110
EXIT-640-x-427-pixels
Останаа уште помалку од месец дена до “Егзит“ фестивалот кој традиционално се одржува на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.
Од 7ми до 10ти јули ќе се претстават повеќе од 600 изведувачи на 20 фестивалски бини, а оваа година “Егзит“ го дочекува и својот два милионити посетител. Покрај веќе најавените имиња на главната фестивалска бина, своето доаѓање го потврдија и Биг Аудио Дѕнамите, Амадоу&Мариам, Дисциплин А Китсцхме, Давид Родиган, Цаспа и Дѕгитал Мѕстикз & СГТ Покес.
Како што вели програмскиот менаџер на главната бина, Драган Амброзиќ, “Оваа година Егзит намерно се враќа на алтернативната културна сцена, како на осумдесеттите и деведесеттите, така и на две илјадитите. Во новиот контекст на српската музичка сцена поврзана со глобалните работни текови, исклучително е важно да се продолжи со носење на најзначајните алтернативни групи, кои поинаку не би дошле во нашата земја. Затоа Мејн Стејџ на “Егзит“ оваа година, повеќе отколку претходно, е посветен на намерата да се поддржи различноста и поинаквиот поглед на светот. Вредносниот систем на алтернативната култура и понатаму не е прифатен во нашата средина, во која мерилата одамна се намерно поматени. Гриндерман, Пулп, Портисхеад, Биг Аудио Дѕнамите, Бад Религион, се огромни историски имиња токму на оваа култура, а Арцаде Фире и М.И.А, како и Сантиголд и Едиторс, се многу важни нови имиња на истата сцена. Дури и добриот и стар Јамирољуаи секогаш гласно се залагал за еколошка освестеност.“
Популарниот музички фестивал “Егзит“ се најде меѓу деветте најдобри фестивали во светот, според листата што ја состави Си-Ен-Ен, а се одржува секоја година на Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi