На “Олд Трафорд” се одлучува за шампионот

7 мај, 20110
premier-league

Во центарот на вниманието во 36. коло во англискта Премиер лига ќе биде дуелот на “Олд Трафорд” меѓу Манчестер Јунајтед и Челзи. Мечот кој може да го реши шампионот за избраниците на Фергусон доаѓа по минатонеделниот пораз од Арсенал, но и пласманот во финалето од ЛШ, кој против Шалке го потврди комбинираниот состав. Челзи е во серија од пет првенствени победи во низа , а евентуален триумф на “Олд Трафорд” за “сините” би бим мелем на раната за елиминацијата од ЛШ од “црвените ѓаволи”.

Арсернал гостува кај Стоук и од ‘сенка’ ќе го чека исходот на дербито на “Олд Трафорд”. Сити оди на гости кај Евертон со желба со победа да ја завери четврта позиција, додека Тотенхем и Ливерпул ја продолжуваат трката за петтото место. Во овој дуел полесна задача би требало да има тимот од Лондон кој го пречекува Блекбул, додека екипата од “Енфилд” гостува кај Фулам.

Кога е во прашање борбата за опстанок Вулвс ќе се обиде да го фати последниот воз против ВБА, надевајќи се на пораз на Виган од Астон Вила и на Блекбул од Тотенхем.

Сабота, 7. мај:
16:00ч Астон Вила – Виган
16:00ч Болтон – Сандерленд
16:00ч Евертон – Манчестер Сити
16:00ч Њукасл – Бирмингем
16:00ч Вест Хем – Блекбурн
18:30ч Тотенхем – Блекбул

Недела, 8. мај:
13:00ч Вулверхемптон – Вест Бромвич
15:05ч Стоук – Арсенал
17:10ч Манчестер Јунајтед – Челзи

Понеделник, 9. мај:
21:00ч Фулам – Ливерпул

Табела: Манчестер Јунајтед 73, Челзи 70, Арсенал 67, Манчестер Сити (меч помалку) 62, Ливерпул 55, Тотенхем (меч помалку) 55, Евертон 48…

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *