На оваа слика од Леонардо Да Винчи, нема кодови?!

12 јули, 20110
davinchi

Новооткриената слика на познатиот Леонардо Да Винчи ќе биде изложена на есен во Националната галерија во Лондон, како дел од поголема изложба на славниот ренесансен уметник, соопштил денес Лондонскиот музеј.

“Ние сметаме дека ќе биде од големо значење вклучувањето на оваа слика во изложбата, како ново откритие“, изјавил кустосот Лјук Сисон.

Изложбата посветена на италијанскиот ренесансен сликар ќе се одржи од 9 ноември 2011 годиан до февруари 2012 година.

Новооткриената слика до сега ја имаат видено само директорот на музејот, кустосот и уште неколкумина студенти по уметност, по конзервацијата која беше завршена неодамна.

Сликата “Спасителот на светот“ датира од прилика од 1500 година и за која се верува дека била изгубена, а прв пат била забележана во уметничката колекција на Кралот Чарлс Први од Англија во 1649 година.

Сликата го претставува Исус Христос кој едата рака ја држи подигната во знак на благослов, а со другата држи кугла со крст на врвот.

Синот на Војводата од Бакингем ја дал на продажба оваа слика во 1763 година. Следен пат се појавила во 1900 година, премачкана со дебел слој на боја, и неможело да се утврди и идентификува нејзиниот автор. Тогаш таа била купена од страна на британскиот колекционер Фредерик Кук.

Неговите наследници ја продале на една аукција во 1958 година за 45 фунти, а во 2005 станала сопственост на еден американски колекционер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi