На жените им требаат три минути да одберат маж : ) !! А на мажите цела вечност ?

21 август, 20110
news_3122


Жената ретко го менува мислењето после првиот впечаток и имаат тенденција да веруваат дека кога станува збор за избор се непогрешливи иако тоа и почесто не е баш точно!

Жена, кога запознава маж, за кои мисли дека би можел да и биде потенцијален партнер, троши само три минути. За тоа време она го оценува неговиот изглед, чуство за облека, истовремено го апсорбира неговиот мирис, акцент, оценување на неговите способности како потенцијален сопруг и татко.

Интересно е што жените брзо сфаќаат, по 30-тина секунди, дали тој маж ќе им одговара на нејзините пријатели, семејство и луѓе за кои и е важно нивното мислење.

Истражувањето објавено во книгата “Инстинкт” на авторот Бен Кеја, покажува дека повеќето жени веруваат дека 180 секунди се доволни за да проценат дали пред нив стои вистинскиот маж.

Се покажа дека жените ретко го менуваат своето мислење по првиот впечаток и имаат тенденција да веруваат дека се непогрешливи во проценката за избор. Жените брзо ги отфрлаат оние мажи кои се напорни и непристојни со другите, оние кои не заработуваат доволно или ако заклучат дека немаат ништо заедничко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *