Во Велика Британија, Интитутот за економски и друштвени истражувања спроведе анкета на 40.000 парови. Од испитувањето дојдено е до заклучок дека на жените побрзо им здосадува бракот отколку на мажите.
Причината се гледа во тоа што жените повеќе вложуваат во врската и секогаш се опседнати со ситници. По извесен период сваќаат дека мажот не вложува доволно, и пројавуваат незаентересираност.
Помеѓу анкетираните парови, 55%од мажите биле среќни во бракот, и 57% од жените по првите пет години од бракот. Но, по 11 години од бракот процентот се намалува и тоа, за среќни мажи се изјасниле 33% а жени 26%.
Жените почнуваат да ја анализираат врската по неколку години, кога увидуваат дека вложуваат премногу. Додека пак мажите со текот на времето забораваат на нежностите и романтиката, изјавила Др. Пем Спур, психолог.